Милан ремизираше со Аталанта, Јувентус на чекор до титулата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан и Аталанта ремизираа со 1-1 и на тој начин го доближија Јувентус на чекор до титулата во Серија А.

Милан поведе со маестралниот гол на Хакан Чалханоглу во 14. минута. По 12 минути Аталанта можеше да израмни доколку Малиновски реализираше пенал, а голот за тимот од Бергамо го донесе Дуван Запата.

Со ова реми Аталанта го испушти последниот воз кога е во прашање борбата за титула и на две кола до крајот на сезоната заостанува пет бода во однос на лидерот Јунајтус кој има и натпревар помалку.