Милан му (по)нуди пет годишен договор и четири милиони евра по сезона на Тован

Италијанскиот великан Милан веќе сериозно прави планови за засилувања во летниот преоден рок, а прва цел е да се засили десно крилната позиција, која по квалитет можеби е и најслаба со Алексис Салемакерс и Саму Кастилјо, па францускиот репрезентативец Флоран Тован од Олимпик Марсеј веќе подолго време е прва цел.

Тован со Франција пред три години беше светски првак, а сега е на излезна врата од Марсеј, зашто не сака да ја продолжи соработката, а веќе подолго време е и во ужасно лоши односи со првата ѕвезда на тимот Дмитри Паје.

Затоа Милан сега сака да го искористи моментот и скоро да е работата завршена, зашто Французинот добил екстра примамлива понуда севкупно вредна – 20 милиони евра.

Како што објавија италијанските медиуми, Тован добил понуда вредна по четири милиони евра од сезона и тоа петгодишен договор. И ова е веројатно најпримамливата понуда, зашто пред две недели првата била одбиена зашто платата требало да расте скалесто од 2,8 за првата сезона до шест милиони во последната.

Најавите се дека нема да биде изненадување, ако многу брзо, дојде и до официјализација на целиот трансфер, а Милан ќе добие одличен играч во офанзивата.