Милан испрати официјална понуда за турски репрезентативец од Башакшехир

Милан во зимскиот преоден рок ќе се обиде да ги засили своите редови со неколку играчи, а првата официјална понуда ја испрати до Истанбул Башакшехир за Ирфан Кавечи (25). 

Фудбалерот од средниот ред импресионира сезонава, особено со своите игри во Лигата на шампиони, каде постигна три гола (сите против Лајпциг). Тој е експерт за слободни удари. Засега не е јасно колкава понуда испратил лидерот во Серија А за Турчинот. 

Веќе е стандарден турски репрезентативец и важи за креативен плејмејкер, кој треба да ја зголеми конкуренцијата крај Франк Кеси, Исмаел Бенасер и Сандо Тонали. Се очекува Раде Круниќ да го напушти клубот или сега во јануари или во јуни.

Милан и Башакшехир веќе соработуваа зимава, бидејќи „росонерите“ во Истанбул го испратија на позајмица стоперот Лео Дуарте.