Милан го растури Лацио и му направи услуга на Јувентус (ВИДЕО)

Милан успеа да извојува убедлива победа од 3-0 против Лацио во 30. коло од Серија А, па му направи услуга на Јувентус.

Чаланоглу донесе водство за „росонерите“ во 23. минута, по што Ибрахимовиќ од пенал беше прецизен за 2-0.

Во второто полувреме Лацио создаде неколку шанси, но триумфот на Милан го запечати Ребиќ во 59. минута.

Милан има 46 бодови на шестата позиција, односно два помалку од петтопласираната Рома, а Лацио е втор со 68 бода, седум помалку од лидерот Јувентус.