Меси си зема одмор колку што сака, за ПСЖ ќе заигра најрано на 11 јануари?

Лионел Меси, кој пред осум дена ја одведе Аргентина до светската титула си зема одмор колку што сака, па за разлика од Килијан Мбапе кој после три дена од финалето се појави на тренинзите на ПСЖ, Аргентинецот во Париз според последните најави можно е да се врати дури после Нова година.

Француски „Л'Екип“ објави дека засега никој не знае кога Меси ќе се врати во француската престолнина, освен дека провејува информација дека ќе ги искористи најмалку десетте дена одмор по напорниот Мундијал и тој времето го поминува во родниот Росарио, а на терен најрано би се вратил дури на 11 јануари.

Сигурно е дека за два дена нема да игра против Стразбур во Лига 1, како и против Ланс на 1 јануари, а секако нема да биде во комбинација ни за мечот во Купот на Франција против Шатору закажан за 6 јануари.

Најугледниот француски весник потенцира дека дури на 11 јануари против Анже можно е Аргентинецот повторно да го облече дресот на „светците“