Меси по пауза од три ипол месеци ќе настапи за Интер Мајами

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси последниот настап за Интер Мајами го имаше на 2 јуни годинава, па по пауза од три ипол месеци повторно ќе заигра за неговиот тим.

Меси се враќа во акција во МЛС-лигата по повредата на зглобот на дуелот меѓу Аргентина и Колумбија, а тоа го потврди тренерот Херардо Мартино.

Аргентинецот постигна 12 голови и 13 асистенции во 12 настапи за Интер Мајами, кој во моментов се наоѓа на првото место во Источната конференција на МЛС-лигата.