Меси: Не знам дали Барселона направи сè за да го врати Нејмар

Барселона иако притискаше цело лето за Нејмар, на крајот не успеа да се договори со ПСЖ за трансфер на Бразилецот. 

Лионел Меси јавно призна дека сала неговиот пријател повторно да се врати на „Камп Ноу“.

„Сакав Нејмар да се врати. Искрено, не сум сигурен дека Барселона направи сè за да го врати назад, но знам дека е тешко да се преговара со ПСЖ. Не сум разочаран. Имаме спектакуларен тим, кој може да конкурира за сите титулу и без Нејмар“, изјави Аргентинецот.

Нејмар си замина од Барселона во летото 2017 година за рекордни 224 милиони евра. Трансфер-сагата за негово враќање во дресот на Каталонците траеше цело лето, но на крајот шпанскиот шампион немаше пари да го откупи од ПСЖ.