Менди поднесе тужба и бара отштета од Манчестер сити!

Бенџамин Менди поднесе тужба против својот поранешен тим Манчестер сити, кој не му исплатил голема сума на пари за плата откако беше обвинет за силување.

Новинарите на „Скај Спортс“ објавија дека Менди решил да си ги бара парите од премиерлигашот, откако беше ослободен по обвиненијата за силување.

Фудбалерот бара од „граѓаните“ да му ги исплатат платите кои му ги должат до завршување на соработката, која беше потпишана до јуни 2023 година.

Манчестер сити наводно прекинал да му плаќа на Менди од септември 2021 година, па сè до завршување на соработката.