Мбапе се повреди, неизвесен е за дербито со Атлетико

Напаѓачот на Реал, Килијан Мбапе доживеал повреда за време на вчерашниот дуел против Алавес поради што побарал од тренерот Анчелоти да го повлече од игра.


Французинот повторно се запиша во листата на стрелците, овојпат од игра, но го напушти теренот во 80. минута кога на негово место влезе Арда Ѓулер. Анчелоти по натпреварот објави дека Мбапе почувствувал болки во задната ложа и затоа му дал знак да го изавди од игра.

Во текот на денешниот ден треба да бидат извршени дополнителни тестови врз ногата на Мбапе по што ќе се знае дали ќе биде во конкуренција за дербито против Атлетико кое е на програмата в недела на Метрополитано.