Мбапе ќе биде во „аут“ неколку недели (ФОТО)
Фудбалерот на ПСЖ мораше предвреме да го напушти теренот со болна гримаса на лицето, а се чини ги истегна лигаментите. Тој има голем оток на скочниот зглоб, а тренерот Маурисио Покетино најави дека денеска или утре ќе се знае точната прогноза за неговата повреда.
Можно е напаѓачот да биде надвор од терените две или три недели.