Матуиди го напушта Јувентус, во игра се три тима

Играчот од средниот ред на Јувентус, Блес Матуиди е многу близу до излезната врата од „Алијанц“ арена.

Според „TMВ“, 32-годишниот Французин најверојатно ќе се врати дома, а за него е заинтересиран шампионот на Лига 1, ПСЖ, како и Монако.

Но, во преговорите со Јувентус е вклучен и Баерн Минхен, кој продолжува да биде активен на италијанскиот пазар. Претходно, Баварците го ангажираа Иван Перишиќ од Интер, а сега се заинтересирани за Матуиди.

Французинот пристигна во Јувентус во 2017 година од ПСЖ за 20 милиони евра. Минатата сезона тој забележа 52 настапи на сите турнири, постигна 3 гола и направи 2 асистенции.