Масовна тепачка меѓу Романци и Албанци пред „Камп Ноу“

Работниците кои биле ангажирани на реновирање на стадионот на Барселона во петокот предизвикале масовна тепачка во која шест лица се здобиле со повреди

Шпанските медиуми пишуваат дека романски и албански работници се степале на градилиштето, а инцидентот се случил околу 14.30 часот, кога 20 лица почнале физичка пресметка поради непозната причина.

Полицијата веднаш пристигнала пред стадионот на Барселона и ги идентификувала учесниците во хаосот.

Медиумите пишуваат дека шест работници биле полесно повредени и пренесени во болница, а сите 20 лица добиле откази по хаосот.