Марсеј го освои Ланс и – второ место во Лига 1 (ВИДЕО)

Поранешниот европски и француски првак Марсеј го освои Ланс со победата со 2-0 во 22-то коло во француската Лига 1, па дојде на второто место на десет негатива од својот најлут ривал и апсолутен фаворит во францускиот фудбал Пари Сен Жермен.

За 11-та победа од 21 меч досега, Марсеј до триумфот го водеа првата ѕвезда Дмитри Паје со голот во 34-та минута од пенал и резервистот Седрик Бакамбу со голот во 77-та минута, кој на асистенција на Матео Гендеузи, само две минути откако влезе во игра.

Ова беше трета победа во низата од пет меча без пораз на Марсеј, за разлика од Ланс кој со седмиот пораз остана на 33 бода на седмото место, но сѐ уште во игра за местата кои водат во Европа.