Мароканец експресно заменет зашто уште на полувреме се „степа“ по дресот на Мбапе (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Алавес и мароканската репрезентација, Абдел Абкар, ги налути навивачите со потег кој го сметаа за скандалозен, откако уште на полувремето при негатива на неговиот тим (0-2) му пријде на Килијан Мбапе и му го побара дресот.

Французинот веднаш се соблече, па сите претпоставија дека тоа е договорено во текот на самиот натпревар. Телевизиската камера го сними моментот кога Мбапе му ја исполни желбата и му го подари дресот, додека Мароканецот му покажа дека ќе му го даде својот дрес кога ќе го напуштат теренот. И тогаш се слушнаа некои свирежи, но фановите особено збеснаа кога ја видоа снимката од овој момент.

Абкар е дел од Алавес веќе четири години, а тоа не е однесување кое тие го одобруваат, бидејќи наместо да се фокусира на играта на тимот, негова грижа беше само да дојде спортска реликвија. Затоа, не е чудно што Луис Гарсија, тренерот на Алавес реши да го остави во соблекувалната.

Тогаш за малку ќе се случило вистинско чудо, бидејќи Реал Мадрид прво стигна до 3-0, а потоа се плашеше за бодовите до самиот крај по одличната игра на ривалите, па средбата заврши со тесна победа на „кралевите“ (3-2).