Марио Балотели се сели во еден од најкултните клубови на светот?

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели сигурно ќе си замине од Бреша, со која е во ужасно лоши односи во последно време, а практично после завршување на актуелната сезона ќе биде слободе играч зашто тешко за очекување е дека калчолигашот ќе се спаси од испаѓање.

И додека се чека разврска во која Бреша му најави отказ, а тој им одговори со најава за тужба, на адреса на Балотели дојде понуда од еден од најкултните клубови на светот – Бока Јуниорс. Според информациите, од „Бомбоњера“ се заинтересирале да го донесат Балотели, многу повеќе поради маркетинг потег, одошто ќе имаат некаков ќар од непредвидливиот напаѓач, познат по своите лудории.

Ова е последна понуда на адреса на Балотели, зашто претходно се најавуваше дека бразилски Фламенго е сериозно заинтересиран да го купи, а во трката за негов потпис се вклучиле и неколку засега неименувани клубови од Турција.