Мареска се жалеше за густиот распоред, па новинар го остави без зборови (ВИДЕО)

Новинар го остави тренерот на Челси, Енцо Мареска без зборови за време на прес-конференцијата пред дуелот меѓу премиерлигашот и Флуминенсе во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Мареска се жалеше за бројот на натпревари кои ги одиграле неговите фудбалери, односно 63 меча, по што посочи дека тимовите од Бразил немале толку густ распоред.

Еден од новинарите, сепак, реши да му одговори на Мареска и да му каже дека Флуминенсе одиграл дури 70 меча, односно повеќе од Челси.

„Ние во истиот период одигравме 70 натпревари, тоа е дури повеќе од Челси“, кажа новинарот по што Мареска остана без зборови.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club