Мане со спектакуларен трансфер го напушта Ливерпул!?

Зинедин Зидан започнува со формирање на „дрим тим“ во Мадрид. Откако Французинот веќе стапи во контакт со Еден Азар, а Белгиецот му потврди дека нема ништо против за преселба во главниот град на Шпанија, сега Зидан започнува преговори и со Садио Мане.

Фантастичниот Сенегалец и оваа сезона е меѓу најдобрите фудбалери на Ливерпул, а Зидан силно го посакува во својот тим. Сепак, проблем е цената која „црвените“ ја имаат поставено за Мане, а изнесува 130 милиони евра, но од друга страна, тешко е дека по последните случувања Флорентино Перез ќе штеди на пари.

Во досегашните 109 натпревари за Ливерпул, црномурестиот напаѓач досега има постигнато педесет гола.