Мане го шокираше Ливерпул: Ако треба поништете ја сезоната, не ни треба подарена титула!

Велика Британија води жестока битка со коронавирусот, кој прави ршум на Островот слично на Италија и Шпанија, кои беа најзагрозените подрачја во Европа, па оттаму нејасно е, а и неизвесно кога и дали Премиерлигата ќе се доигра, а и што ако сезоната целосно се прекине.

Во најцрното сценарио да не се доигра сезоната, премиерлигашите со двотретинско мнозинство може да одлучат дека Ливерпул не е првак и порај страшната сезона на „црвените“, кои до прекинот поради пандемијата има 25 бода предност, па беа на само шест бода до официјализација на круната. Но, има и втора опција, Ливерпул да ја добие круната, а такво нешто најави и првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин со зборовите „нема шанси Ливерпул да не биде првак“.

Но, сенегалската ѕвезда од „Енфилд роуд“, Садио Мане помалку и го шокираше цел Ливерпул, со тврдење за англиските медиуми дека не сака – подарена титула. Дури најави дека ќе прифати мирно поништување на сезоната ако тоа се одлучи.

„Јас во моментов не се чувствувам како шампион. Јас ја сакам својата работа, го сакам фудбалот, сакам да победувам на теренот. Сакам до трофеи да дојдам со победи на терен, а не со 'игри на зелена маса'. И најискрено во целата оваа ситуација ќе разберам ако не ја добиеме титулата. Мора сите да сфатат дека сон ми е да ја освојам Премиерлигата, ама од друга страна веќе многу луѓе починаа, многу луѓе ги загубија најблиските. И фудбалот сега не е примарен, не е ни важен. Јас сакам годинава да сме шампиони, ама ако не се случи тоа – во ред, ќе прифатам. Можеби и најчесно е да се поништи сезоната. Ако се случи тоа, следната година ќе бидеме шампиони!“, рече Мане.