
Манчини се жали нема напаѓачи за „аѕурите“, а Балотели му порача – лекциите не се научени!
Италија го натурализираше Матео Ратеги, Аргентинецот кој има и италијанско потекло и овој фудбалер на дебито даде гол, а покрај него во селекцијата ги има уште Џанлука Скамака и Вилфред Гнонто, во ситуација кога Чиро Имобиле е недостапен. И откако Манчини се пожали на малиот фонд на напаѓачи, контроверзниот Марио Балотели експресно му одговори.
„Во Италија има напаѓачи и тие се во форма – верувајте ми! Жалењето е чувство на тие кои редовно не ја научиле лекцијата“, му порача Балотели.
Контроверзниот напаѓач нема настап за Италија од 2018 година, а има 14 гола на 36 меча за „аѕурите“, но неговата форма е ужасно лоша, иако беше огромен потенцијал кој никогаш не го достигна највисокот ново, а беше дел од Интер, Манчестер сити, Милан...