Манчестер сити со официјална жалба за судењето на Мајкл Оливер на „Енфилд“

Манчестер сити испратиле официјална жалба до првиот човек на судиската организација во Англија, Мајк Рајли поради лошото судење на Мајкл Оливер на неделното дерби во Премиерлигата со Ливерпул. 

„Граѓаните“ не добија два пенали, откако во два наврати Трент Александер-Арнолд играше со рака во својот шеснаесетник. Во првата ситуација, Сити прими гол во контра преку Фабињо. 

По натпреварот менаџерот Пеп Гвардиола иронично му честиташе на главниот судија за одлично завршената работа.

„Ти благодарам, ти благодарам многу“, рече Шпанецот.

Актуелниот првак 24 часа по натпреварот испратил жалба до Судиската организација и бара објаснување зошто не е досуден пенал во двата случаи, кога во лигата се користи ВАР. Каков и да биде одговорот на жалбата на Сити, бодовите се загубени, а во никој случај натпреварот нема да се преигра.

Ова е само обид на Манчестер да направи притисок врз судиите за во иднина да нема спорни ситуации, кои нема да одат во нивна корист.