Манчестер Сити ја потврди замената за Родри вредна 60 милиони евра!

Во последните моменти од преодниот рок, Манчестер Сити го потврди трансферот на Нико Гонзалез од Порто.

Англискиот шампион потроши големи пари во јануарскиот преоден рок, а последно засилување им е Нико Гонзалез за кој дадоа 60 милиони евра.

Тој стави потпис на договор до 2029 година.

„Манчестер Сити го комплетираше потписот на Нико Гонзалез од Порто. 23-годишниот фудбалер доаѓа во Сити на четири ипол годишен договор според кој ќе остане во клубот до јуни 2029 година“, стои во соопштението.

Гонзалез е четврто засилување за Манчестер Сити во овој преоден рок, претходно клубот потпиша со Абдукодир Хусанов, Витор Реис и Омар Мармуш.

Нико Гонзалез е фудбалер кој потекнува од школата на Барселона.