Манчестер Јунајтед и официјално се засили со најдобриот стрелец на Болоња!

Доскорешниот фудбалер на Болоња, Џошуа Зиркзе, денеска и официјално потпиша петгодишен договор со Манчестер Јунајтед, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.

Трансферот е вреден 42,5 милиони евра, што е нешто повеќе од откупната клаузула од 40 милиони, но во замена за поповолни услови за плаќање. „Ѓаволите“ откупот за Циркзе ќе го плаќаат во следните три години, а половина од парите ќе легнат на сметката на Баерн Минхен, кој имаше таков договор со тимот од Серија А. Тој минатата сезона постигна 12 гола и имаше седум асистенции за Болоња, која се пласираше во Лигата на шампионите.

„По разговорот со тренерот и клупските челници, знам колку возбудлива ќе биде иднината овде и едвај чекам да бидам дел од успехот на Манчестер Јунајтед. Јас сум играч кој секогаш е посветен на победа. Подготвен сум за следниот предизвик, да одам на следното ниво во кариерата и да освојам повеќе трофеи. Привилегија е да се дојде во толку познат клуб. Ќе морам да одморам по обврските со репрезентацијата и ќе се вратам подготвен веднаш да направам влијание“, изјави Холанѓанецот.

Зиркзе се пресели од Феенорд во Баерн Минхен во 2017 година, по што играше како позајмен фудбалер во Парма и Андерлехт, а во 2022 година потпиша за Болоња.