Манчестер јунајтед добива трансфер битка против Реал Мадрид!
Во изминатиот период се пишуваше дека Јоро преферира трансфер во Реал Мадрид, но Манчестер јунајтед со голема сума на пари и конкретен однос успеа да го придобие.
Јоро е на пат кон Манчестер, медицинските прегледи се веќе закажани, треба да се финализира договорот и трансферот да биде комплетиран.
Манчестер јунајтед ова лето достави понуда од 62 милиони евра за Јоро која Лил ја прифати.
Реал Мадрид го замоли играчот да ги почека 12 месеци па бесплатно да се пресели на Бернабеу во 2025 година, но Манчестер јунајтед го убеди Јоро дека тие се вистинската дестинација за него.
Англискиот клуб му ветил на Јоро дека ќе биде важен дел од нивниот проект и му понудил огромна плата за 18 годишен играч.