Мафијаши го принудиле Пакета да добива картони - може да заработи 10-годишна суспензија!

Бразилскиот фудбалер Лукас Пакета се соочува со тешки обвинувања за учество во нелегално обложување и поради тоа му се заканува суспензија од 10 години.

Англиските медиуми пишуваат дека Пакета има рок до јуни да достави докази дека не е виновен, а во меѓувреме извори од Бразил објавија дека фудбалерот бил принуден да добива картони.

Бразилската мафија му се заканувала на Пакета дека доколку не го исполни договорот и не добие картон, ќе му наштети на неговото семејство.