Лудило во Дортмунд: Четири гола за 19 минути меѓу Борусија и Леверкузен (ВИДЕО)

По кратката зимска пауза повторно во акција се вратија германските екипи, а на мечот меѓу Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен беа постигнати дури четири гола за само 19 минути.

Леверкузен го отвори резултатот уште во првата минута, а потоа водството го зголеми Патрик Шик во осмата минута. Дортмунд не чекаше долго за да го возврати ударот, па во 12. минута преку Џејми Гитенс намали на 1-2.

„Фармацевтите“ постигнаа и трет гол на мечот, и тоа во 19. минута кога Шик стрелаше во мрежата на „милионерите“ за 3-1.