Ливерпул ја отвора сезоната во Премиерлигата, првото големо дерби на „Олд Трафорд“

Актуелниот европски шампион Ливерпул ќе ја отвори новата премерлигашка сезона на 9 август од 21 часот со дуелот на „Енфилд роуд“ против Норич, но дербито на колото уште на стартот ќе се игра на „Олд Трафорд“ помеѓу Манчестер јунајтед и Челси.

Денеска беше извршена ждрепката за новата сезона во најсилната англиска лига, па уште во првото коло, сезоната ќе тргне со екстра меч во Манчестер в недела на 11 август од 17.30 часот. Инаку, актуелниот шампион Манчестер сити, својата одбрана на круната ќе ја почне со гостување во Лондон кај Вест Хем.