
Ливерпул излезе од кризата – го расплака Мурињо на „Вајт Харт Лејн“ (ВИДЕО)
Првата победа после серијата од четири меча без троиумф сега Ливерпул го оставија на четвртото место после 20 меча, два помалку од третиот Лестер, а три зад Манчестер јунајтед, додека лидерот Манчестер сити веќе има четири повеќе и меч помалку во однос на „црвените“.
Ливерпул до победата на „Вајт Харт Лејн“ исчекори во четвртата минута од судиското надополнување со голот на Роберто Фирмињо пред полувремето, а Александер Арнолд погоди две минути по стартот на вториот дел. Пјер Емили Хојбјерг возврати две минути потоа за да го врати Тотнем во игра, но...
Сите дилеми во 65-та минута ги разреши Садио Мане со третиот гол за „црвените“ со што ја запечати победата.