Ливерпул го продолжи договорот со еден од најважните фудбалери

Ливерпул денеска потпиша нов договор со Фабињо, кој ќе остане на „Енфилд“ до крајот на јуни 2026 година.

Еден од најважните фудбалери на Ливерпул е пресреќен што потпиша нова соработка со премиерлигашот.

„Од почетокот на преговорите бев многу позитивен затоа што од секогаш сакав да потпишам нов договор и да останам во Ливерпул. Се надевам дека ќе продолжиме да освоиме трофеи“, кажа Фабињо.