Лион со новиот фудбалер го собори сопствениот рекорд

Францускиот клуб Лион за 30 илиони евра го зема 23 - годишниот дефанзивец на Сампдорија, Данецот Јоаким Андерсон, и со овој трансфер постави нов клупски рекорд.

Данецот за пет милиони евра ја надмина цената на бразилскиот играч од средниот ред, Тиаго Мендес, кој во Лион пристигна минатото лето од редовите на Лил.

Ова лето „лавовите“ го донесоа и Јан Лукас од Фламенго за осум милиони евра, додека од Нант пристигна и романскиот голман Цириано Татарашану.

Лион во текот на трансфер рокот заработи 123 милиони евра со продажбата на играчот за врска Танги Ндомбеле и дефанзивецот Ферланд Менди. Првиот за 10 милиони евра замина во Тотенхем, додека Менди го засили Реал Мадрид за 35 милиони евра.