Лион со гол во судиското продолжение до бод во дербито со Лил
Двата клуба офанзивно влегоа во дербито и сакаа што побрзо да дојдат до водство. Првата посериозна прилика ја пропушти Томас Мение од Лил кога во 14. минута ја погоди пречката.
Само три минути подоцна Џонатан Дејвис ја искористи конфуцијата во одбраната на Лион и погодува за водство. Со предноста од еден гол Лил и замина на полувремето.
Во второто полувреме како што одминуваше времето Лион се посериозно се закануваше, најблиску до израмнување беше Рајан Черки кој на 20-тина минути пред крајот ја погоди статвата.
Подоцна Мејтланд-Најлс ја погоди мрежата, но тој гол беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд. На крајот сепак, гостите дојдоа до бод со голот на Малик Фофана во судиското продолжение.
На табелата Лил е трет со 18 бода, два помалку од Монако и пет од лидерот ПСЖ, додека Лион петти со 15 бода, а помеѓу нив на четвртото место е Марсеј со 17 освоени бодови.