Лион шокиран од Мец – им го препушти лидерското место на ПСЖ и Лил (ВИДЕО)

Досегашниот лидер во француската Лига 1, Лион, екс-првакот во земјата на светскиот шампион доживеа огромен шок вечерва на својот „Жерлан“ откако Мец со гол во 90-та минута триумфираше со 1-0, по што Пари Сен Жермен и Лил сега го презедоа лидерското место.

Арон Исека Леја е херојот на Мец откако даде гол во последната минута од мечот за голем троиумф против фаворизираниот Лион, кој со поразот влезе во мини криза од два меча без триумф и сега е на два бода зад ПСЖ и Лил, откако овие два тима победија во своите мечеви во ова 20-то коло.

Дека Лион влегува во криза најава беше и минатото коло, кога се спаси од пораз со два гола во последните десет минути, а вечерва ВАР им поништи гол на средина од вториот дел, па кога сите очекуваа дека ќе освојат барем бод, дојде шокантниот гол. Мес со триумфот, седми сезонава, а прв по три меча без победа, сега има 28 бода и е на деветото место.

ПСЖ е прв поради подобрата гол-разлика од Лил, а двата тима имаат по 42 бода, додека Лион сега е трет со 40, додека Монако и Рен се на четвртото и петтото место со по 36 бода.