Лион на крилјата на Депај му пресуди на Нант (ВИДЕО)

Лион ја продолжи тесната трка за титулата во Лига 1 откако го совлада тимот на Нант со 2-1 во 33. коло од Лига 1.

Мемфис Депај одлично искористи додавање во казнениот простор во петтата минута, кога погоди за водство од 1-0, а потоа од пенал зголеми и на 2-0.

Нант одигра поквалитетно второ полувреме, но постигна само еден гол во мрежата на Лион во 60. минута за да намали на 1-2.

Лион по 33 одиграни меча има 67 бодови на табелата, а пред него се Монако со 68, ПСЖ со 69 и Лил со 70.