Лион како да е проколнат - загуби и од Брест!

Седумкратниот француски шампион Лион продолжи со ужасните резултати на почетокот на новата сезона во Лига 1, откако вечерва загуби на гостувањето кај Брест со 0-1.

Лион ниту по шест одиграни кола не знае за победа, а вечерва беше очаен на теренот, па може и да биде среќен што загуби со еден гол (0-1) од Брест, кој беше постигнат дури во 87. минута преку Муние.

Брест доминираше на теренот и создаде дури 27 шанси кон голот на Лион, но дури во завршницата го скрши отпорот.

Лион има само два освоени бодови по шест одиграни кола, додека Брест е прв со 13 бодови.