Лидс подготвува голема трансфер бомба: Се обидовме со Ибрахимовиќ, сега тргнуваме по Кавани

Екипата на Лидс, за која настапува македонакиот репрезентативец Езгијан Алиоски, по пауза од 16 години повторно се врати во Премиер лигата.

Евидентно е дека тимот од „Еланд Роуд“ ќе се засили со неколку фудбалери во текот на летниот преоден рок, па затоа почнаа шпекулации за неколку имиња кои би потпишале за Лидс.

Како што пишува „Скај Спортс“, сопственикот на клубот, италијанскиот бизнисмен Андреа Радризани, својот фокус го насочил кон Златан Ибрахимовиќ, но јасно му е дека за искусниот Швеѓанец ќе мора добро да го одврзе ќесето.

Ибрахимовиќ сигурно ќе биде тешка задача за нас. Се обидовме да го донесеме во јануари, но тој во тоа време го одбра Милан... Сега мислам дека е предоцна, интензитетот на англискиот фудбал е различен. Сепак, не ја исклучуваме оваа можност, истакна Радризани.

Од друга страна, не е исклучено дека Единсон Кавани, кој е слободен агент по заминувањето од ПСЖ, би можел да биде одлично засилување за „Пауните“.

Со своето искуство, Кавани би можел да помогне со неговите физички предиспозиции и да се прилагоди на Англија, но сè уште не сум разговарал за него со тренерот... Сепак, сигурно размислувавме за него и ќе видиме што ќе се случи со оглед на тоа дека тој е сè уште достапен како слободен агент , додаде сопственикот на Лидс.