Лидс објави кога Алиоски ќе се врати на теренот

Македонскиот репрезентативен лев бек Езгјан Алиоски нема да им помогне на соиграчите за последните два евроквалификациски мечеви, откако два дена пред стартот на подготовките, повторно почувствувал болка во примицачот и отпадна од списокот за гостувањето во Австрија и домашниот меч со Израел.

Англиски Лидс сега објави кога Алиоски ќе се врати на теренот и за очекување е според клубот во Чемпионшип, Алиоски да биде максимално подготвен за напорите после завршувањето на оваа последна двонеделна репрезентативна пауза за оваа година.

„Алиоски ќе ги пропушти двата меча за Македонија во квалификациите поради повреда, а веќе прескокна два меча во Чемпионшип со КПР и Блекбурн и ќе ја продолжи рехабилитацијата во 'Торп Арч' (тренинг-центарот на Лидс – н.з.), за максимално да биде подготвен веднаш по завршувањето на паузата“, објави англискиот клуб.

Македонскиот лев бек ќе има засилена програма на рехабилитација за да биде подготвен за гостувањето кај Лутон идниот викенд.