
Леванте се откажал од поголема заработка под притисок на Барди да дојде во Трабзон!
Безмалку три недели грчкиот гигант Олимпијакос се обидуваше да го земе Барди и со Леванте сѐ имаше договорено, па остануваше само Барди да прифати да замине во Атина. Станува збор за трансфер од кој Леванте ќе заработел пет милиони евра, но желбата на Барди да замине во Турција, како муслиманска држава, пресудила на крај Шпанците да заработат два милиони помалку.
„Леванте имаше понуда од Олимпијакос од пет милиони евра, но на крај пресуди желбата и интересот на Трабзон, ама пред сѐ притисокот на Барди да дојде во Турција, бидејќи оваа земја е муслиманска и така се случи пресвртот за тој да дојде на црноморскиот брег“, објави новинарот Ертан Сузѓун.
Барди со Трабзон потпиша тригодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една година и официјално ќе има нето плата од 1,3 милиони евра, откако јавно е објавен документот за јавните приходи (КАП) за македонскиот репрезентативец, а истиот приход годишно останува и ако Трабзон ја искористи опцијата за четврта сезона за соработка.
Менаџерската провизија за Барди ќе изнесува 5 отсто од брудо платата.