Леванте немоќен без Барди: Осасуна сигурна пред своите гледачи (ВИДЕО)

Леванте го зашиша третиот пораз во низа во Ла Лига, а вечерва загуби со 2-0 на гостувањето кај Осасуна во рамки на 21.коло.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го пропушти овој натпревар поради повреда на бутниот мускул, а ќе биде надвор од составот на Леванте барем уште две недели. Головите домашниот тим ги постигна во самиот финиш.

Рубен Перез погоди од пенал во 81.минута, додека само три минути подоцна Ињиго Перез ги постави конечните 2-0 за Осасуна.