Левандовски призна: Имав состанок со Перез, но не сакам да го напуштам Минхен

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја доби „Златната копачка“, откако минатата сезона постигна 41 гол во Бундеслигата и така го урна рекордот на легендарниот Герд Милер од сезоната 1971/72.

Полјакот кажа дека е пресреќен затоа што постигнал уште еден голем успех во неговата кариера, а притоа им се заблагодари на сите кои му помогнале во тоа.

„Многу сум среќен поради оваа награда. Сакам да му се заблагодарам на моето семејство, моите соиграчи, тренерите и сите останати. Без нивна поддршка никогаш немаше да ги освојам овие титули“, вели Левандовски.

Полскиот напаѓач доби и прашање за тоа дали бил блиску до потпис со Реал Мадрид.

„Вистина е дека имав состанок со Перез и не можам да ви кажам што се случи, но не гледам причина зошто би го напуштил Баерн Минхен“, вели Полјакот.