Лестер му се извини на Челси поради срамниот потег на Амарти (ВИДЕО)

Лестер во големото финале во ФА-купот го совлада Челси со 1-0 и така го освои трофејот за првпат во клупската историја.

Меѓутоа, дамка на победата на „лисиците“ остави потегот на Даниел Амарти, кој во соблекувалната го фрли знаменцето на Челси.

Тоа предизвика голем револт кај навивачите, кои го нападнаа фудбалерот преку социјалните мрежи, а сега Лестер реши да му се извини на ривалот поради овој потег на Амарти, кој допрва треба да добие казна.