Легендарниот Буфон го пофали Влаховиќ: Во мое време немаше такви фудбалери!

Српскиот голгетер Душан Влаховиќ, кој постигна 20 гола на 24 настапи во досегашниот дел од сезоната, ќе се пресели во Јувентус, а за неговите услуги поранешниот шампион ќе треба да ѝ плати 75 милиони евра на Фиорентина.

Јувентус доби еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов, а легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој го носеше дресот на „Старата дама“, го пофали потегот на неговиот поранешен тим.

„Јувентус е на вистински пат да се врати на врвот. Влаховиќ е големо засилување и изненадување. Тој е најдобар млад играч во Европа заедно со Халанд и Мбапе. Во мое време немаше такви фудбалери од 190 см со таква динамика“, кажа голманот.

Влаховиќ ќе потпише договор на четири ипол години и ќе заработува околу седум милиони евра по сезона, а во исто време ќе стане омразен кај навивачите на Фиорентина, кои веќе му се закануваа преку транспаренти.