Легенда на Реал се изнасмеа за назначувањето на Арбелоа за прв тренер! (ФОТО)

Поранешниот фудбалер, Иван Елгера кој осум години го носеше дресот на Реал Мадрид јавно ја исмеа одлуката на кралскиот клуб да го назначи Алваро Арбелоа за нов тренер.

Елгера дури во сезоната 2004/2005 му беше соиграч на Арбелоа, па неговата објава на социјалните мрежи предизвика многу реакции.

Тој на својот Твитер профил напиша „Арбелоа“ и стави емотикони со смеење со солзи и држење за чело.

Алгера само со позитивни резултати може да одговори на ова исмевање од неговиот поранешен соиграч кој очигледно не му е и пријател.