Лапорта одржал итен состанок со Куман по поразот од Баерн

Барселона ја почна групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) со пораз од Баерн Минхен од 0-3, а тоа го натера претседателот Жоан Лапорта да одржи итен состанок со него.

Шпанските медиуми пишуваат дека тие двајца имале состанок до два часот по полноќ и дека првиот човек на клубот бил разочаран поради резултатот и начинот на игра на Барселона.

Нивниот разговор не бил воопшто пријатен, а Лапорта му порачал на Куман дека нема да се толерираат такви порази во елитното натпреварување.

Претседателот на Барселона му даде шанса на Куман, иако многумина сметаа дека Холанѓанецот ќе добие отказ, но доколку продолжат лошите резултати, тогаш би можеле да видиме промена на тренерската позиција.