Лацио во војна со Владата на Италија: Вие не може да го сопрете фудбалот!
Од Лацио веќе неколкупати вербално водеа војна со државните и здравстените власти околу условите и безбедноста на играчите за да се доигра сезоната во која римјаните се на бод зад лидерот Јувентус, а сега спортскиот директор на „орлите“, Албанецот Игли Таре влезе во војна со комплетната Влада.
Од денеска поради ублажените мерки клубовите може да се вратат на тренинзи, но само индивидуални, но проблем е што првичниот термин за тимски тренинзи закажан за 18 мај е крајно неизвесен, а државните власти на чело со премиерот Џузепе Конте во среда веројатно ќе донесат одлука од која ќе биде позната иднината на Серија А.
„Слушнав дека неделава можеби ќе се преине Серија А. Но, фудбалот не е поле во кое Владата може да носи одлуки. ФИФА и УЕФА јасно порачаа дека првенствата мора да продолжат. Ние може да продолжиме во јуни ако треба, па да играме до септември. Сите клубови се сезоната да продолжи и властите тоа мора да го почитуваат. Ние бевме прв клуб кој ги прекина активностите поради пандемијата и никој од играчите не замина од Рим. Сите ги почитуваа правилата и не знам зашто вака не третираат. Ние се израдувавме што повторно може да тренираме, а сите едвај чекаме да продолжиме со фудбалот“, вели Таре.