Лацио сигурен, Интер едвај против Џенова (ВИДЕО)

Интер добро се препоти за да ја победи Џенова, иако „нераѕурите“ беа големи фаворити на денешниот меч, па Данило Д’Амбросио на две минути пред крајот успеа да им донесе три бода

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев се врати на „Џузепе Меаца“, ги одигра послендите 16 минити откако влезе како резерва, а имаше и една шанса, која не успеа да ја реализира и да го совлада голманот на Интер Самир Хандановиќ.

Лацио беше убедлив против Верона на гости и славеше со 3-0, а двоен стрелец беше Чиро Имобиле, додека Марушиќ се запиша во листата.

Кротоне со 2-0 го победи Беневенто, а Киево на гости славеше кај Калјари. Сампдорија во првиот денешен меч го победи Милан со 2-0.