Лацио испука „петарда“ во Верона: Хет-трик на Имобиле (ВИДЕО)

Лацио славеше убедлива победа од 5-1 на гостувањето кај Верона во рамки на 36.коло во Серија А.

Како по обичај во последните неколку натпревари, „лацијалите“ до победата дојдоа со пресврт, а блескаше Чиро Имобиле, кој постигна хет-трик и најави дека е решен да го победи Кристијано Роналдо до титулата најдобар стрелец во Серија А.

Софијан Амрабат ги доведе домашните во водство од 1-0 од пенал во 38-та минута. Длабоко во судиското продолжение од првиот дел Чиро Имобиле израмни исто така од пенал.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Хоакин Кореа му донесе убедливо водство на Лацио од 1-3  до 62-та минута. Имобиле во 83-тата минута зголеми на 1-4, а хет-трикот го комплетираше во судиското продолжение повторно од пенал.

Имобиле сега на врвот на листата на стрелци има 34 голови или четири повеќе од Кристијано Роналдо кој вечерва го игра својот натпревар против Сампорија. Италијанецот со денешниот хет-трик се израмни по бројот на голови со Роберт Левандовски во трката за „Златна копачка“ на Европа. До крајот на Серија А има уште два натпревари, па Имобиле може да дојде и до оваа награда.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Рома - Фиорентина 2-1
Калјари - Удинезе 0-1
СПАЛ - Торино 1-1