Куман е вториот најлош тренер на Барселона во последните 20 години
Јасно беше дека без Меси во составот работите ќе бидат многу тешки, но никој не очекуваше Каталонците всушност да бидат волку очајни како сега. На гостински терен немаат победа, а последниот пораз од Рајо Валјекано беше кобен за Куман.
Според статистиката, Холанѓанецот е вториот најлош тренер на Барселона во последните 20 години. Тој има победено само на 58,3 отсто од натпреварите во Ла Лига, односно 28 победи на 48 натпревар. Полош ефект од него има само Радомир Антиќ од 50 отсто, кој ја водеше Барса до 9 победи од 18 натпревари во Ла Лига во 2003 година.