
Крос за Азар: Не ми е жал за него, нема лош живот!
Азар во Реал Мадрид пристигна како најскапо засилување, а стана најголемо разочарување. Фудбалерот добива 450.000 евра неделна плата, па не сака да се пресели во друг клуб и покрај тоа што не игра.
„Можеби немам милост за Азар, но тој нема лош живот, не живее лош период. Може да ви биде жал за луѓето кои имаат многу полош живот, но не и за Азар“, изјави Крос.