
Крос со својата одлука за иднината ги растажи навивачите на Реал Мадрид
Крос неодамна доби понуда за да ја продолжи соработката, но Германецот не сакаше да стави потпис на нов договор затоа што смета дека не е вистинско место за преговори.
Германецот планира да почека до почетокот на следната сезона, по што јасно ќе каже дали ќе ја продолжи кариерата или ќе оди во пензија затоа што неколку пати повтори дека нема намера да игра фудбал ако тоа му направи сериозни здравствени проблеми.