Кризен состанок на Модриќ и Анчелоти по лошите резултати на Реал Мадрид

Шпанскиот гигант Реал Мадрид има лош почеток на сезоната, поради што се вклучи алармот во соблекувалната и тренерот Карло Анчелоти решил да одржи кризен состанок со искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ.

Новинарот Хозе Феликс Диаз објави дека тренерот Анчелоти разговарал со капитенот Модриќ и констатирале дека екипата мора да игра подобро во одбрана.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти преземал и други мерки пред мечот со Осасуна, односно ги задржал дополнително неговите избраници.

„Кралевите“ во моментов се на втората позиција со 27 бодови, односно шест поени помалку од Барселона која има одиграно еден меч повеќе.