Кристијано Роналдо доби неверојатно признание од својот – матичен клуб!

Португалскиот прволигаш Спортинг Лисабон реши да ја преименува својата младиснка академија во „Кристијано Роналдо“, во чест на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, кој првите фудбалски чекори ги направи токму во овој тим.

За играчот на Јувентус велат дека е нивни син и дека ова е најмалку што можеле да направат за него.

„Со огромна чест објавуваме дека академијата на клубот ќе го носи името на Кристијано Роналдо. Академијата ќе го направи бесмртно името на еден од најголемите симболи кои ги произведе и тоа ќе биде инспирација на сите млади таленти“, додаваат од клубот со мотото: 'Еднаш лав, секогаш лав', се вели во соопштението на Спортинг.

Роналдо е роден на островот Мадеира на Атлантскиот Океан, а се приклучи на Спортинг во 1997 година кога имаше само 12 години, а дебитираше во првиот тим во 2002 на 17 години. Набрзо Алекс Фергусон го забележа неговиот голем талент и го донесе во Манчестер јунајтед во 2003, каде што стана ѕвезда и го продолжи фантастичниот успех со Реал Мадрид и сега со Јувентус.